Со Skype за Android сега може да се споделуваат слики и видеа

Sкype објави дека новата 2.6 верзија за Android ќе може да се споделуваат слики, видеа и фајлови со пријателите и фамилијата.

Новата верзија исто така не троши толку многу од батеријата и има поддршка за цел екран на таблет компјутери кои работат на nVidia Tegra 2 процесор, како на пример Motorola Xoom и Samsung Galaxy Tab 10.1.

Skype најави и дека работат на случајот да обезбедат групни видео повици за повеќе Android уреди. Моментално само 17 уреди можат да ја искористат таа опција, вклучувајќи ги HTC Sensation, Samsung Galaxy S II, Sony Ericsson Xperia Play.

„Скоро секој со Android уред кој работи на Android 2.2 (Froyo) или понова верзија може да проба бесплатни видео повици преку Skype. Ќе ви кажеме дали може да ги активирате видео повицитге кога прв пат ќе го стартувате Skype на телефоните кои ги нема на листата.“, вели Ден Честни на блогот на Skype.

[youtube]1o6TBezfSpU[/youtube]

1 коментар на “Со Skype за Android сега може да се споделуваат слики и видеа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии