Со симулација од поплави до побезбедно Скопје

Дејан Соколоски

во Вести

Град Скопје за заштита во случај на поплава спроведе симулација за моделирање на можни поплави во Скопскиот регион. Секако целта на симулациите е да се согледаат можните опасности и да се намалат ризиците.

Врз база на овие податоци ќе може да се носат подобри одлуки базирани на показателите на симулацијата. Голем дел од мерките за заштита ќе треба да се направат пред да дојде до поплава, а потоа справувањето да биде поедноставно.

Направена е анализа на повеќе опасности:

  • Симулација на екстремна поплава од Горен Вардар и рушење на браната Козјак
  • Симулација на екстремната поплава од 6 август 2016, Скопска Црна Гора
  • Симулација на екстремна поплава од Горен Вардар и Лепенец
  • Симулација на поплави од поројни водотеци од Водно

Студијата е подготвена во рамките на проектот ИКТ за урбана стабилност поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации. Целата студија може да ја разгледате тука.

Сепак поинтересен дел од истражувањето се симулациите и нивната презентација. Со помош на алатката StoryMaps направена е и визуелизација на податоците од симулациите и истите може да ги разгледате на сајтот на Град Скопје.


Симулација на катастрофалната поправа од 6 август 2016

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии