Со помош од Star Trek до краудфандинг на глобална веб апликација која ќе ги учи децата да читаат

Kickstarter проектот на ЛаВар Бартон, познат како Џорди Лафорџ од Star Trek, кој треба да ги врати назад Reading Rainbow успеа за два дена да собере над 2,2 милиони долари. Reading Rainbow е телевизиска серија чија цел е да ги научи децата почесто и повеќе да читаат. Во првите два дена проектот го подржаа над 50.000 луѓе и со тоа повеќе од двојно ја надминаа потребната цел за реализација на проектот. Последната епизода на серијата е снимена во 2006 година, а во 2009-та телевизиите завршиле и со репризите. Популарноста на Reading Rainbow оживеа повторно во 2012 година со iPad апликација, со илјадници книги и видео содржини.

Сепак ЛаВар Бартон сака целосно да ја оживее Reading Rainbow, токму неговата поддршка помогна за реализација на проектот, од потпишување на фотографии за фанови, понуди за учество во видео содржините, па дури и „позајмување“ на визорот од Star Trek. Овојпат идејата е Reading Rainbow да им биде достапна на сите глобално и тоа со идеја да допре до секое дете преку веб апликација. Покрај ова ќе биде изработена специјализирана верзија за часовите која ќе им помогне на наставниците, но и да се направи достапна за училиштата. Токму идејата за сервисот да биде целосно бесплатен за сите, е причина поради која г.Бартон се одлучи да го повика Интернет за помош, а Интернет одговори на најдобар можен начин.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии