Со помош на технологија Кина ќе стави крај на злоупотребата на државни станови

Еден од најголемите проблеми со државните станови во Пекинг е нивната злоупотреба. Дел од сопствениците на овие станови ги злоупотребуваат, живеат на друго место, а ги изнајмуваат становите. Предвидувањата се дека само во Пекинг ќе има над 120 000 станари кои живеат во општествени станови.

За да стават крај на овие злоупотреби властите во Кина ќе започнат да применуваат технологија. Обичните брави ќе бидат заменети со технологија за препознавање на ликови и само вака ќе може да се отклучат бравите во становите, јави South China Morning Post. Дополнително, технологијата ќе овозможи и следење на повозрасните жители во овие станови и ако подолг период не се појавиле ќе испратат некого да погледне дали сè е во ред.

Причината за злоупотребата е превисоката цена на киријата во Пекинг. Цената која се плаќа за еден месец е околу 750 долари, а во општествените станови киријата е околу 300 долари.

Досега технологијата е инсталирана во 47 државни станови, а скенирани се и лицата на 100 000 станари и членови на семејството кои живеат во општествени станови.

Граѓаните кои ќе бидат откриени дека злоупотребуваат ќе го изгубат правото на општествени станови во следните 5 години.