Со ПМ Аларм дознајте каков ке биде воздухот утре

ПМ Аларм e апликација која на своите корисници им овозможува да дознаат каква е прогнозата за квалитетот на воздух во следните неколку денови. Апликацијата е изработена од ФИНКИ во соработка со повеќе други универзитети. Проектот е соработка и со компанијата Inteligenta.

Системот за прогноза е развиен од страна на тимот научници од ФИНКИ – УКИМ, Македонија, Техничкиот универзитет во Виена, Австрија и Универзитетот во Сао Паоло, Бразил. Симулациите се извршуваат на процесирачките капацитети на ФИНКИ. Апликацијата е развиена од страна на ИНТЕЛИГЕНТА ДОО.

Прогнозата која за загадувањето на воздухот на територијата на Македонија ја дава апликацијата се базира на метеоролошко-хемиски модел за симулација.

ПМ Аларм на отворање ја чита локацијата на корисникот и едноставно, иако не сосем прегледно му ги презентира податоците на корисникот. Поточно проблем со прегледноста има единствено презентацијата по часови и во овој дел некако има премногу информации за следење. Во другите податоците за минимум и максимум часовно загадување, и четиридневната прогноза, податоците се прилично јасно поделени и лесни за читање и споредба.

Што се однесува за влезните податоци тие доаѓаат од мрежата на Министерството за екологија и просторно планирање и од сензорите на Skopje Pulse. Ова се податоци од сензорите кои ги презентира и МојВоздух, но за разлика од оваа апликација ПМ Аларм потоа прави обработка на овие податоци во зависност од предвидените временски услови. Конечните податоци кои се презентираат секако зависат и од точноста метеоролошките податоци.

Апликацијата засега е достапна за сопствениците на Android уред, но е во развој, поточно се работи на подобрување на визуелизацијата.

Покрај мобилното решение ПМ Аларм има и веб верзија (мапа) која функционира слично, но доаѓа и со временска оска на која се корисникот најпрво визуелно го гледа загадувањето. Со поставување на маркер може да се добијат попрецизни податоци за некоја точка. Веб верзијата е достапна на aqf.finki.ukim.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии