Со Adobe Stock, дизајнерите можат да купуваат слики преку Creative Cloud

Новата надгрдаба на Adobe Creative Cloud овозможува директно купување на фотографии и илустрации од облакот. Се работи за нов сервис Adobe Stock кој ќе им биде корисен на дури 85 отсто од купувачите на слики кои се корисници на Photoshop, а дури 90 отсто од нив се креирани на истиот софтвер, вели Аdobe.

Промена доаѓа и во најпопуларнот софтвер за обработка на слики Adobe Photoshop и Adobe Illustrator, во кои оваа функционалност ќе биде интегрирана. Дизајнерите ќе можат да ги преземат сликите со watermark да видат како ќе изгледа, па дури и да ја обработат сликата. Сите промени кои ќе бидат направени во preview верзијата, автоматски ќе бидат преземени и направени во купената верзија. Adobe Stock ќе им биде конкурент на Getty or Shutterstock, и другите слични сервиси.

Покрај можноста за купување на посебна слика, претплатниците на Creative Cloud ќе добијат 10 бесплатни слики во месецот со претплата од 40 долари и 750 бесплатни слики месечно за 200 долари. Дизајнерите кои креираат илустрации на сервисот на Adobe, ќе земаат поголем процент од продажбата. Односно 33 отсто од продажбата, што е повеќе од останатите сервиси нудат 25 отсто. Од компанијата најавуваат дека квалитетот на сликите ќе биде исклучителен, што секако е добра вест. Последната надграба на Creative Cloud конечно ќе донесе и Android верзија на апликацијата, но и нови алатки во Photoshop кој ќе им ја олеснат работата на дизајнерите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии