Со новата надградба на софтверот Tesla станува автономен автомобил

Следната надградба на софтверот на Tesla ќе ги направи возилата автономни. Не станува збор баш за следната надградба, туку за новата верзија на оперативниот систем. Со Tesla Version 9 компанијата ќе започне да имплементира потполно автоматизирано возење. Ова на Twitter го откри основачот на компанијата, Илон Маск.

Според најавата, новата верзија доаѓа веќе во август. Г. Маск објави дека најголемите проблеми на оперативниот систем на возилото веќе се надминати. Во V9 верзијата на оперативниот систем целиот фокус е на безбедноста, па сега може да го вклучат и автоматското возење.

Ова не значи дека возилото ќе може да вози автономно, но Tesla ќе започне со додавање на функционалности кои би спаѓале во „Full Self-Driving Capability“, вели Electrek. Цената на „Enhanced Autopilot“ пакетот е 5 000 долари, а за дополнителни 3 000 долари е достапен „Full Self-Driving“ пакет. Пакетот е достапен во продажба, но не и за користење. Законот со кој се регулираат автономните возила е ригорозен и е различен во различни држави.

Што точно ќе овозможува новата функционалност ќе дознаеме во август. Ова нема да биде прв пат Илон Маск да отиде предалеку со најавите, па деталите ќе ги дознаеме за некој месец.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии