Со Livestream Broadcaster ќе може да стримате во живо од било која камера

Пренесувањето на настани во живо наскоро треба да стане многу поедноставно. Livestream го најави Broadcaster, енкодер на кој ќе може да се приклучат речиси сите камериo и мобилни телефони преку Wi-Fi, ethernet, 3G или 4G модеми. Livestream го најавува уредот како „прв уред на пазарот со пристојна цена кој може да понуди HD стримање во живо без реклами“.

Камерите кои се компатибилни со Broadcaster треба да имаат HDMI излез со 1080i, 720p или 480i. Сигналот потоа се компресира во H.264 и AACаудио. Времетраењето на батериите помеѓу 2 и 3 часа, што во услови на пренос од локации каде електичната енергија не е достапна е огромна предност. Стримот се контролира преку LCD дисплеј поставен на самиот енкодер. Не е занемарлив ни фактот дека уредот е и целосно интегриран со онлајн стрим сервис.

Цената на Broadcaster е 495 долари и е достапен да се нарача во Македонија, а ако изгледа прескапо станатите слични уреди чинат помеѓу 1.000 и 5.000 долари. Заедно со Broadcaster, корисниците ќе добијат 3 бесплатни месеци на Livestream Online, а потоа се плаќа цената од 45 долари месечно. Livestream Online хостира видео содржини за ABC News, CBS News, AT&T и PepsiCo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии