Со компјутерско глувче и тастатура на Xbox One

Microsoft ќе овозможи користење на тастатура и глувче на својата конзoла Xbox One. Конзолите вeќе подолг период се доволно моќни да се користат и како алатка за работа, па можеби ова и не е изненадување. Сепак првата замисла ниту на Microsoft, не е работа туку гејминг.

Главна причина овозможување за користење на глувче и тастатура е за конкурентноста при играње. Играчите од PC имаат предност кај дел од игрите Microsoft се обидува да креира мултиплеер гејминг на повеќе платформи, а ова нема да функционира ако некој од корисниците се во подобра положба од другите. Сепак за користење на глувче и тастатура на Xbox ќе мора да се погрижат и развивачите на игрите. Тие ќе мора да ја интегрираат оваа функционалност во своите игри или контролерите ќе останат единствен начин за играње.

„Развивачите сега може да додадат поддршка за глувче и тастатура во своите игри ако сакаат. Важно е да истакнеме дека додавањето на глувче и тастатура ќе треба да се направи за секоја игра, во целосен избор на развивачите“, велат од Microsoft.

Партнер на Microsoft во овој обид е Razer.  Ова не значи дека Razer ќе ги произведува единствените глувчиња и тастатури кои ќе функционираат. Речиси секое глувче и тастатура ќе фуннкционираат на Xbox One, објасни Microsoft.

Како ќе функционира ова партнерство останува да дознаеме наскоро. Официјалното претставување ќе биде на 10 ноември.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии