Со игра за iPhone до 600.000 долари

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Креативноста и уникатноста на Apple iPhone им овозможи на илјадници програмери да си играат со идеи и да прават апликации за популарниот телефон, од сериозни апликации до интересни видео игри. Бев пријатно изненаден кога читав дека 9 годишниот Лим Динг Вен од Сингапур има апликација т.е видео игра за цртање за iPhone која е симната преку 4.000 пати. Сега сум изненаден кога читам дека Етан Николас кој дал отказ од Sun Microsystem каде работел како инжинер затоа што со неговата iShoot игра за iPhone заработи 600.000 долари.

„Нема да бидам милионер до следниот месец, но ќе се изненадам ако не бидам до крајот на годината. Да не беа даноците досега ќе бев милионер“ изјави г-дин. Николас за Wired.com.

Тој не знаел како се прават апликации за популарниот телефон, па наместо да купува книги за кои немал пари, тој учел од интернет т.е од веб страни. Секако тој работел како инжинер за Sun Microsystem, работа која бара познавање на ИТ, така да имал и мала предност при програмирањето.

Но тоа не го прави посебен меѓу 20.000 апликации кои можат да се најдат во iPhonе продавницата за апликации, нели? Во октомври кога ја објавил iShoot, играта не правела пари. Затоа тој ја модифицирал и направил бесплатна верзија со лимитирани опции – iShoot Litе која ја објавил во јануари. Во iShoot Lite тој ја рекламирал целосната верзија на iShoot која чини 3 долари. Бесплатната верзија ја симнале 2.4 милиони корисници, од кои 320.000 ја купиле целосната верзија, што не доведува до заклучокот „да не беа даноците, ќе бев милионер“.

Кога апликациите за iPhone започнаа да се појавуваат, назад во септември, првата што направи 250.000 долари беше играта Trism на програмерот Стив Деметер. По некое време се појавија огромен број на апликации, по што „експертите и аналитичарите“ тврдеа дека таа сума не може да се достигне затоа што има преголем број достапни апликации.

Но со креативно маркетинг решение, Етан Николас покажа дека може да се "добие на лото".

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии