Со Facebook Open Graph Redirect ќе читате содржина без да инсталирате апликации

Новиот плагин за Google Chrome, Facebook Open Graph Redirect, ви помага ди ги отворите Open Graph линковите без да ги инсталирате здодевните апликации. Плагинот е дело на Џо Леви, кој и самиот е голем обожавател на друштвената мрежа. Покрај линковите од Yahoo, Guardian, NBC, The Washington Post, Social Cam и многу други, плагинот ви овозможува да ги отворите и вестите кои ги читале вашите пријатели без апликации. Плагинот можете да го  симнете за Chrome, а има верзија и за Firefox.

Redirect ја премостува потребата од апликации кои можат и да поставуваат содржини во ваше име. Содржините кои ги ги споделуваат апликациите најчесто се вестите кои ги читате, но и  останатите содржини кои ги следите, фотографии, видеа и слично. Авторот на овој плагин се надева дека сличните плагини ќе земат замав и Facebook ќе разбере дека ги принудува корисниците да инсталираат апликации кои не ги сакаат.

Но, пред да го инсталирате Facebook Open Graph Redirect мора да имате во предвид дека истиот е спротивен на „Условите за користење“ на Facebook. Иако друштвената мрежа нема да  може да издејствува забрана, поради прекршување на условите, може да им забрани пристап на посетителите кои го користат плагинот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии