Со Dropbox за iOS може да едитирате и креирате Office документи

Уште кога беше најавено партнерството помеѓу Microsoft и Dropbox се очекуваше да биде претставена и подобрата интеграција на функционалностите на Office со веб складиштето. Една од првите такви функционалности е можност преку Dropbox за iOS да се едитираат документи.

Корисниците на iOS ќе можат да ги отвораат документите креирани во Office директно преку Dropbox, а за наскоро е најавено дека ќе може да бидат и креирани Office документи директно преку веб складиштето. Новитет ќе биде додавањето на коментари во Dropbox што ќе овозможи поедноставна и подобра колаборација за огромен број на корисници. Промените доаѓаат и во навигацијата па сега документите можат покрај името да се подредат и по датата на последни промени или креирање на документот, јави The Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии