Со Discovery Communications и Eurosport Олимписките игри ќе бидат достапни и на мобилен

„Мобилно прво“ (mobile first), ова е мантрата која ја слушаме постојано последниве неколку години. Во последно време ова како да почнува да важи и за телевизијата, иако засега е премногу рано да зборуваме за тоа. Иако ова најверојатно никогаш нема да важи за филмовите, преносите во живо се сосем друга работа.

Тоа и е причината поради која Discovery Communications на MWC во Барселона претстави нова платформа за следење на Олимписките игри. Мобилните оператори можат да станат „Official Mobile Broadcaster“. Со ова ќе може да пренесуваат содржина до своите корисници без разлика каде се наоѓаат.

„Discovery повеќе од 30 години соработува со своите партнери за да осигура врвна видео содржина за сите гледачи, на сите платформи. Спортот е исклучително популарен во мобилното окружување. Ова го потврдува и растот на Eurosport Player, нашата DTC стриминг спортска услуга. Се радуваме на новата соработка со мобилните оператори која на корисниците кои следат содржини преку мобилните уреди ќе им овозможи сеопфатно доживување на Олимписките игри.“, вели Жан-Бриак Перет од Discovery Networks.

Discovery Communications и Eurosport се ексклузивни сопственици на телевизиските и мултимедијалните права на преносот на Олимписките игри од 2018 до 2024 за 50 европски земји. Нивната програма може да се следи како: free-to-air, pay-TV, дигитални и DTC услуги и ја прошируваат соработката со останатите големи дистрибутери ширум Европа. Последниот потег треба да овозможи Олимписките игри можат да ги следат што повеќе гледачи на повеќе екрани од било кога порано.

Корисниците кои се на мобилен оператор кој е „Службен мобилен носител на преносот“ ќе имаат пристап до содржините 24 часа. Кога нема да има олимписка програма корисниците ќе можат да следат одбрани настани, содржина по барања (on demand), но и комуникација преку друштвени мрежи. Услугата ќе биде достапна пред, во текот и по завршувањето на Олимписките игри.

Следните Олимписки игри се зимски и ќе се одржат 2018 во Сочи, Русија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии