Со Chrome OS ги губиме податоците, вели Ричард Сталман

Според г. Сталман, не е прифатливо да се дозволи на Google да ги собира личните информации на луѓето и да ги складира во нивните сервери. Со ова се губи контрола врз податоците, вели тој.

Chrome OS е оперативен систем кој користи веб сервиси, што значи дека сите информации се закачуваат во „облакот“, односно не во корисничката машина туку преку интернет на серверите на Google од каде можат да се пристапат во било кое време, од било кој компјутер со можност за споделување. Пример, документи во Google Docs се наоѓаат во „облакот“.

Cloud computing како технологија е во пораст, се повеќе имате веб сервиси кои ви дозволуваат да ги користите како складиште наместо да снимате на ваш компјутер, а со стартувањето на Chrome ОS следното лето се добива нов концепт на оперативен систем за сите кои се интензивни корисници на интернетот.

Но, според г. Сталман користењето на cloud-computing е „полошо од глупавоста“ бидејќи со складирање на податоци на компаниски сервери, корисникот ја губи контролата.

„Во САД, Вие го губите правото ако ги складирате на податоците на компаниски машини наместо на ваша. Полицијата ќе треба да ви достави налог за пребарување да ги добие податоците од вас; но ако се складирани на машински сервер, полицијата ќе ги добие без да ништо да ви покаже. Дури не мора да достават налог за пребарување на компанијата“, вели г. Сталман.

Претходно и Европската Унија посочи дека иако cloud computing може да придонесе кон поголем технолошки развој сепак треба да се постават одредени правила за корисничката контрола на податоците.

(фотографија via Redjar/Flickr)

2 коментари на “Со Chrome OS ги губиме податоците, вели Ричард Сталман

  1. А демек ова не зе знаеше усвари? :) Како што рекле старите – 2 добра одеднаш нема, а усвари свесни сме дека кога збориме за квалитет на софтвер и хардвер, Google се едни од најдобрите на пазарот.

  2. паметно кажал човекот, на крај на нас останува да одбереме што да чуваме на cloud а на google да стави подршка за усб или слични драјвови каде резултатот од користењето на web апликациите да можеме да го зачуваме таму каде ние сакаме, не вo cloud

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии