Со BrowserID на Mozilla нема да ви треба лозинка да се логирате на сајт, само имејл

Мozilla Labs работи на проект BrowserID кој ќе ги направи лозинките излишни. BrowserID е поразличен од OpenID стандардот за децентрализирана проверка, по тоа што го користи имејлот за идентификација на личноста за логирање на веб сајтови.

„Со BrowserID, според дизајнот, провајдерите на идентитетот не се вклучени при логирањето. Ова значи дека корисникот не треба да биде свесен за својата целосна Веб активност, што е значителна предност во приватноста. Сo ОpenID, вашите провајдери на идентитетот, се задолжително вклучени при логирањето.“, објаснува Mozilla која додава дека веб-базираните системи за логирање го зголемуваат рискот на фишинг напади бидејќи корисниците се навикнуваат на куцање н асвоите лозинки.

Затоа BrowserID ќе го вклучи прелистувачот без имплементација на HTML во регулирање на корисничкиот идентите. Во моментов се развива и Firefox додаток. Повеќе за како работи BrowserID ќе прочитате на блогoт на Лојд Хилаел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии