Трчајќи 110 километри низ Сахара, екстремниот спортист Реј Захаб станува свесен дека светот има проблем со недостаток на вода. Тој станува свесен дека тие проблеми најмногу влијаат на младите. Затоа за да ја подигне свеста за екологијата тој се одлучува на авантура кон Јужниот пол.

За таа негова авантура на Антартика, која евентуално ќе заврши со срушување на рекордот за најбрзо стигнување до Јужниот пол, а г-дин. Захаб ќе стане првиот човек кој стигнал до таму без скии, тој се одлучува да користи интерактивен блог преку кој ќе им покаже на младите дека „се е можно“.

Низ целото патување тимот дневно постираат текстови и видеа на SouthPoleQuest. Преку тој интерактивен блог тие комуницирале со младите, кои „заинтересирани за авантурата ни поставуваа интересни прашања“ вели г-дин. Захеб.

„Колку батерии користите? Што правите со џубрето? Што јадете?“, прашуваа младите. „Не користиме батерии, целата опрема се снабдува со сончевата енергија. Не го фрламе џубрето, го пакуваме. Јадеме сланина и путер, има милион калории, a ние гориме 85,000 дневно.“ одговораат авантуристите.

Дали Реј Захаб успеал да ги мотивира младите преку блогот? Резулататите можат да се погледнета на Impossible2Possible, сајтот на неговата организација посветена на едукација и подигање на еколошката свест преку привлекување на младите преку интерактивни веб сајтови кои ги пренесуваат разните авантури кои I2P ги организира.

„Дали јас сум некој супер-издржлив човек? Пред 6 години пушев по една пакла дневно и живеев лошо. Сега верувам дека се е можно. Јас го научив ова на 40 години, замислете да бев 13 години, да ги слушав тие зборови и да верував во тоа“ вели г-дин. Захаб во својот говор на TED конференцијата.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии