Со Backwards-Compatible сајтот откривате какви се перформансите на игрите низ PS5, PS4 Pro, и PS4

Backwards-Compatible e веб сајт преку кој прелистувате низ датабаза од 577 игри за да откриете кои PS4 игри се компатибилни со најновата конзола на Sony, но и за да добиете увид во најразлични оптимизации.

Покрај солиден пребарувач, на располагање имате и категории за игри со:

Преку брзиот приказ, сите игри се редат во форма на карти кои, покрај сликата, кажуваат и на која од горните категории припаѓаат. Доколку кликнете на некоја игра, добивате значително повеќе податоци, како во која резолуција е играта кога се игра преку одредена конзола и со колку фрејмови во секунда. Долниот простор е резервиран за оставање релевантни коментари од посетителите.

Во моментот, сајтот покрива „само“ 577 игри, но целта е преку постојани надополнувања да успејат да ги покријат сите 3125 игри кои се достапни во каталогот на PS4.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии