Со 1PasswordAnywhere и Dropbox ќе може да пристапите до вашите лозинки од било кој компјутер

1Password е сервис за менаџирање на лозинки пред се наменет за корисниците на Mac. Сервисот може да се синхронизира и со iPad или iPhone, а постои и Windows верзија. Новата функција наречена 1PasswordAnywhere им овозможува на корисниците да го искористат „сефот“ преку синхронизирање со Dropbox. Откако ќе се поврзат сервисите, во Dropbox ќе се креира нов фолдер во кој е сместен 1PasswordAnywhere.html фајл. По внесување на „мастер“-лозинката корисниците имаат можност да пристапат до лозинките од било каде. Ова ќе им овозможи на корисниците да пристапат до услугата која ја нуди 1Password од различни компјутери на места каде ја нема инсталирано апликацијата или дури и на места за кој Agilebits нема ‘native’ апликација. За жал 1password не е бесплатна, па за користење на сервисот е потребна најмалку една копија која чини 40 долари за десктоп или 15 долари зa iPhone.

[youtube]Ne7cQQ7Moow[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии