Снимајте се вие и вашиот екран со Vimeo

Мартин Јованчевски

во Вести

Vimeo Record e екстензија за прелистувачот Chrome која ви дозволува професионално снимање на активностите од вашиот екран, но и на вас.

Откако ќе кликнете на соодветното копче, ќе бидете прашани дали сакате вие да бидете снимани, вашиот екран, или и тоа и тоа. Откако ќе одберете која камера и микрофон да бидат искористени за намената, кликнете на Start Record и започнете со овековечување на вашите содржини. Во случај да одберете дека сакате да се снима само екранот, потребно е дополнително да одлучите дали сакате да се снима целиот екран или само одреден прозорец или јазиче од прелистувач.

За искористување на целосните потенцијали на Vimeo Record се препорачува креирање Vimeo акаунт. Со тоа, ќе можете да преземате, уредувате и споделувате видеа. Таквото нешто е целосно бесплатно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии