Снимајте ја вашата десктоп околина со MiniTool Video Converter

MiniTool Video Converter е колекција од алатки кои се првенствено замислени да ви помогнат за конверзија на различни аудио и видео формати, па дури и најразлични формати на слики. Овој моќен конвертер поддржува над 1000 формати.

Иако ваквото нешто е импресивно само-по-себе, главната причина поради која го истакнуваме овојпат MiniTool Video Converter е алатката која ви дозволува да ја снимате вашата работна околина. Можете да наместите да се снима целиот десктоп или пак само одреден дел од десктопот. Сниманото може да биде пропратено и со аудио. Пример, додека прикажувате како се употребува одредена алатка, можете и да се снимате преку микрофонот од вашиот компјутер како давате концизни објаснувања. Потоа, истото снимано видео можете да го конвертирате од една иста појдовна точка.

Сниманите видеа со MiniTool Video Converter можат да бидат во најразличен квалитет, а можете и да наместите да се активираат најразлични анимации секојпат кога ќе кликнете со глувчето, што знае да биде исклучително корисно доколку одите со тип на видеа кои даваат корисни инструкции.

Многу корисници, меѓутоа, се имаат пожалено дека алатката си зема за слобода да испраќа податоци за вашето користење на развојното студио. Поради тоа, строго се препорачува да ја дештиклирате опцијата Agree to Participate…, до која доаѓате преку Custom Installation. Ова мора да се направи пред самото инсталирање на алатката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии