Snapchat за почетници: Што е snap, а што e story?

(Ова e гостински пост на Митко Цабевски, стартап ентузијаст и ко-основач на u:Plug. Блог постот е објавен на Medium, а It.mk го реобјавува со негова дозвола)


Првиот коментар кога ќе споменам Snapchat најчесто е „не го разбирам, 100 пати го имам инсталирано и избришано и никако не можам да се снајдам“. Всушност Snapchat е едноставна апликација со малку поинаков интерфејс, но кога ќе ги научите основните функции станува навистина лесна за користење. Во продолжение ќе ги објаснам некои од основните функции, а останатите оставам да ги откриете сами.

1-VSZ84rfxDzeMsdL4m5465A

Што е Snap? Snap е главниот „feature” на Snapchat. Може да биде фото или видео и се испраќа директно на вашите пријатели во самата апликација. Во зависност како ќе одберете, може да траат од 1 до 10 секунди и после тоа исчезнуваат.

1-XKXHhJJSDZILGO6Z01SOgg

Што е Story? Story е колекција од вашите Snap-ови споени во една т.н. приказна. За разлика од Snaps кои се испраќаат еден на еден, меѓу пријателите, Story овозможува вашите Snap-ови да ги гледаат сите кои ве пратат на Snapchat. Storys траат 24 часа и може да се прегледуваат неограничен број пати во рок од тие 24 часа. Секако после 24 часа исчезнуваат. Ова е супер начин да споделите што ви се случува во текот на денот без многу размислување и режија.

1-p2uBwnOkU2cZHslg74_AdQ

Snapchat ги користат Stories да прикажуваат настани, концерти, градови, држави на еден нов и интересен начин. Доколку се наоѓате на локација која поддржува live stories, ќе ви се појави опција да ги додадете вашите снепови на глобалната приказна за тој настан/град и да ги види цел свет. Секако и големите брендови си имаат свои канали. Snapchat ова го вика Discover и тука брендовите споделуваат содржини специјално дизајнирани за Snapchat.

Како се четува? Доколку повлечете во десно на некој од вашите пријатели (или од главниот екран) се појавува опцијата за четување каде што освен текст, може да разменувате фото и видео. Доколку во исто време двајцата четувате еден со друг, копчето за „send” од жолто станува плаво што значи дека можете да се префрлите на видео чет.

1-hkYdj-WuTBMRZhpMnGl5cg

Филтри, текст и цртање. Snapchat е познат по можноста да се додаваат разни филтри на вашите фотографии и видеа односно да додадете текст или пак нацртате нешто интересно.

1-noOak68JfCzsH1rmhKabFQ

Она што е ново е опцијата за „проширена реалност”. Доколку ја користите предната камера (selfie mode) и кликнете и задржите на вашата фаца се појавува нова опција за т.н. проширена реалност. Испробајте!

1-7z0Oc6fQgkeTp3nby4vB9Q

Интересни профили кои треба да ги пратите: @Garyvee , @djKhaled , @diplo, @lacma , @khudsnaps , @caseyneistat @king.konig и секако @mitcome :). Се гледаме на Snapchat. 👻

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии