Snapchat работи на аудио и видео повици

Snapchat работи на аудио и видео разговори во надеж дека ќе го пронајде вистинскиот модел за монетизација на сервисот. Новоста доаѓа од 9to5 Google кој дојде до слики што покажуваат дека Snapchat работи на надградба на ChatV2. Сепак станува збор за повеќе од слики, а кодот веќе постои во Snapchat апликацијата, но барем засега не може да се користи. Сервисот наликува на сите слични како Hangouts или Messenger, но до официјалното излегување можни се најразлични промени. Од она што може да го видиме од фотографиите, еден од новитетите е можноста за повикување и кога корисникот е офлајн, при што ќе добијат известување, и можат да се јават или да одбијат.

Snapchat, кој има 100 милиони активни корисници дневно, неодамна отстрани реклами во вредност од 600.000 долари, но овозможи спојување на Snapchat профилите на компаниите со Twitter и Facebook. За разлика од дел од сервисите WeChat или WhatsApp, Snapchat нема голема компанија зад себе, па мораат што е можно побрзо да пронајдат ефикасен начин за правање пари, вели Next Web.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии