Snapchat го претстави Spotlight, платформа за креатори на содржина

Snapchat ќе се обиде да им конкурира на TikTok и Instagram со додавање на нова функционалност. Spotlight е копија на фидот на TikTok, корисниците можат да гледаат кратки видеа со различна содржина. Како и на TikTok видеата ги креираат самите корисници на платформата.

Алгоритамот за презентација на овие видеа е фокусиран на неколку податоци: на колку корисници им било интересно видеото; колку луѓе го изгледале видеото; дали го додале на листата на омилени видеа и слично. Покрај позитивните, ќе има и негативни фактори како колку брзо корисниците прекинуваат да го гледаат видеото.

Ова се однесува на почетокот. Откако алгоритамот ќе го научи „вкусот“ на секој корисник, овие видеа ќе бидат презентирани персонализирано за секој корисник, вели TechCrunch.

Еден помалку чуден избор е дека во фидот видеа, ќе бидат сместувани сите корисници. Ова се однесува и за јавните и за приватните профили. Единствена разлика е што видеата од приватните профили нема да имаат наведен извор.

Што се однесува до правилата, прилично се ригорозни. Содржината не смее да шири лажни вести; мора да бидат прилагодени за публика постара од 13 години; мора да бидат покуси од 60 секунди; музиката во видеата мора да биде од библиотеката на Snapchat. Секако целата содржина мора да уникатна.

До крајот на оваа година Snapchat секој ден ќе исплаќа вкупно 1 милион долари за најдобрите видеа на Spotlight. Распределбата на парите ќе зависи од прегледите на содржината.

Spotlight од денес е достапен на iOS и Android апликацијата во повеќе различни држави, а наскоро оваа листа ќе биде проширена.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии