Snap наскоро на берза! Компанијата е проценета на над 25 милијарди долари

За неколку месеци, најрано во март, Snapchat Snap Inc. најверојатно ќе излезе на берза, јави Wall Street Journal. Доколку веста се потврди, сервисот ќе биде највредната компанија која ќе дебитира во 2017.

Првите проценки се дека компанијата вреди околу 25 милијарди долари, иако оваа бројка нема да стане официјална додека не ја потврдат и банките. Snapchat е единствената компанија која би можела да го наруши приматот кој го има Facebook кога рекламите се во прашање.

Сервисот неодамна го надмина Twitter по бројот на посетители. Над 150 милиони корисници секој ден го посетуваат Snapchat. Компанијата неодамно претстави и сопствен хардвер, очила со кои ќе може да се снимаат snap-видеа.

image-856-32c01it8uw91bij5h5iark

Парите кои компанијата ќе ги заработи на берза може да ги користи за инвестирање во дополнителен хардвер или можеби за аквизиција на други, помали стартапи.

Snapchat е основан од Еван Шпигел, Боби Марфи и Реџи Браун додека студирале на Стенфорд во 2011-та година.

Иницијално апликацијата се викала Picaboo и била лансирана во јули 2011 за да после два месеци се прекрсти во Snapchat. За кратко време Snapchat постана број 1 апликација за “sexting” бидејќи првичната намена и беше праќање слики помеѓу корисници кои се бришат после 10 секунди и можат да се прегледаат само со активно притискање на екранот – што беше искористено од милиони тинејџери во САД да си праќаат “романтични” фотографии без страв дека тие фотографии ќе бидат снимени и дистрибуирани по вебот.

Но, благодарение на трудот зад апликацијата, Snapchat ја надмина тинејџерската фаза и еволуираше во вистинска друштвена мрежа која во моментов е голем хит низ светот, пред сè поради тоа што корисниците постојано споделуваат содржина.

Во моментов, Snapchat е во својата 9-та стабилна верзија (поконкретно 9.34.2), достапна е за iOS и Android во над 20 јазици и како што споменавме, има над 150 милиони корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии