Сменете си го името за да се скриете од онлајн минатото, вели Ерик Шмит

Идејата e чудна, но можеби не е лоша. Младите се глупираат по мрежите, за нешто сигурно ќе им е криво во иднина. Можеби родителите треба да внимаваат на тоа, но и тие самите објавуваат глупости по мрежите. Од друга страна, верувам дека е корисно за една компанија, со проверка на име, да дознае дали вработува криминалец.

Но… интересно е што идејата доаѓа од човек кој е на чело најголемата компанија во светот која не само што знае многу, многу за нашите навики што пребаруваме, туку и има слика од нашата предна врата.

Со промена на името нема да се избега од Google, нели? Всушност дали воопшто сакаме да скриеме?

Во интервјуто има уште една интересна изјава, што се однесува конкретно на интернет гигантот и начинот на кој работи и ќе работи во иднина.

„Идејата е дека се повеќе и повеќе пребарување се прават без потреба да се вкуца терминот. Јас всушност верувам дека луѓето не сакаат Google да им ги одговара прашањата. Тие сакаат Google да им каже што тие треба да го направат следно.“ вели г-дин. Шмит.

Тоа е можно само доколку Google знае информации за вас. А знае и ќе знае, бидејќи ние самите ќе му дадеме уште наши информации со цел да добиеме релевантна сугестија.

„Мислам дека општеството не разбира што се случува кога се ќе биде достапно, се ќе се знае и ќе биде зачувано од сите цело време.” вели г-дин. Шмит.

Тука ќе го најдете WSJ интервјуто на македонски преведено со Google Translate.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии