SmartHalo е фантастичен уред за навигација на велосипед

SmartHalo е комбинација на уред и апликација која овозможува навигација за велосипедисти, покрај другите кул и интересни функционалности. Со SmartHalo се решава проблемот велосипедистот да се ослонува на телефонот за GPS навигација, што не е практично додека возите.

Преку апликацијата корисникот ја одбира адресата, а сите понатамошни вртења и насоки доаѓаат преку додатокот кој е закачен на гиданот на велосипедот. Во текот на возењето уредот ја одбележува насоката а корисникот единствено треба да погледне дали се движи во вистинска насока. Покрај ова уредот може да се користи и како светилка, но и за пронаоѓање на велосипедот. Доколку некој се обиде да го отстрани се вклучува аларми и известување до апликацијата. SmartHalo е отпорен на вода и временски услови, а благодарение на технологијата се вклучува единствено кога корисникот е блиску, ова овозможува заштеда на батеријата, а од SmartHalo велат дека едно полнење е доболно за три недели.

Уредот во моментов има KickStarter кампања и веќе се надминати потребните средства за реализација на проектот, а над 813 подржувачи донираа 128.000 долари. Сепак цената од 118 долари се чини превисока. Во продажба уредот ќе чини 150 долари.

1 коментар на “SmartHalo е фантастичен уред за навигација на велосипед

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии