Smart ThinQ Hub e нов систем од LG за менаџирање на паметниот дом

Image courtesy of LG

Smart ThinQ Hub e нов центар од LG за менаџирање на паметните уреди кои комуницираат меѓу себе преку интернет. ThinQ Hub ќе овозможи поврзување на фрижидери, машини за перење, шпорети и клима уреди на едно место, но со едно ограничување – сите уреди мора да бидат производи на LG.

Станува збор за систем на кој со WiFi, Bluetooth или Zigbee се поврзуваат сите паметни уреди. На 3,5 инчен дисплеј се покажуваат сите релевантни информации, а уредот доаѓа и со звучник кој навремено ќе го извести корисниците за истите нотификации кои можат да се видат на дисплејот. Контролата на уредите е единствено преку паметен телефони.

LG-IoT-Ecosystem

За жал, Smart ThinQ Hub поврзува уреди единствено од LG, и тоа единствено од Smart ThinQ серијата. Со оглед на тоа дека корејската компанија произведува сѐ од клима уред до телевизор, нема да има недостаток на уреди за домаќинството, но за апаратите кои не се од LG ќе мора да се пронајде поинакво решение. Овој проблем е заеднички за сите компании, што го ограничува Интернетот на нештата да биде вистинско корисно решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии