Smart Palm е иновативно решение на Македонец за врелиот Дубаи

Виктор Нелепа е основач и директор на компанијата The Idea во Дубаи. Тој во 2004 години се пресели од Македонија во Дубаи, а последните неколку години неговата иновација – паметните палми им помагаат на жителите на Дубаи да се справат со врелите денови. Приказната за Виктор и паметните палми првично ја забележавме на Vrabotuvanje.com.mk.

Smart-Palm е всушност еден вид на паметен билборд, што доаѓа со: Wi-Fi хот-спот; можност за USB полнење на преносните уреди; но и клупа и можност за одмор под сенка. Палмата се напојува преку соларни панели и е потполно независна од јавната електрична мрежа. За поголема безбедност палмите доаѓаат со CCTV-камера и копче за итни потреби.

„Во минатото дрвата обезбедуваа засолниште, храна, матиријал за градење. Сакавме да создадеме нешто ново и модерно, но истовремено да не заборавиме од каде доаѓаме, каде ни се кориените. Да ја поврземе природата со технологијата…“, објаснува Виктор Нелепа.

Билбордите овозможуваат презентирање на податоци од јавен интерес и се своевиден инфо пулт за туристите во Дубаи.  Антената овозможува интернет пристап во радиус од 100 метри, а на самата палма има 8 USB приклучоци. Дополнително палмите доаѓаат со „селфи“ камера со која луѓето можат да се фотографираат.

Компанијата на г.Нелепа работи и на креирање на паметна кабина за пресоблекување на плажи. Палмата, и кабината се напојуваат со сончева енергија, а планот е на соблекувалните да се додаде ветрогенератор со кој ќе може да се осветли водата.

Smart Palm е дел од Dubai Smart City иницијативата, со која Дубаи треба да биде еден од првите поврзани градови во светот.

1 коментар на “Smart Palm е иновативно решение на Македонец за врелиот Дубаи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии