Слушнете го звукот на берзите со македонската апликација Sound of Markets

Дали некогаш сте помислиле на берзата како на симфонија? Токму вака ја замислуваат Игор Јовчевски, Александар Трпески и Никола Миноски развивачи на платформата Sound of Markets.

„Sound of Markets е прва платформа што овозможува слушање на market data. На некој начин како музика“, вели основачот и iOS девелопер, Игор Јовчевски. „Апликацијата е бесплатна зa 3 берзи, а со претплата се отклучуваат повеќе“.

Sound of Market овозможува претставување на податоците кои доаѓаат од берзата како звук, можеби дури и музика. Ова значително би можело да им помогне на брокерите кои работат на берза, секако доколку се навикнат дека наместо на екран со табели и графици податоците од берзата им стигнуваат преку слушалки. Податоците до корисникот доаѓаат преку iOS апликација.

Она што го прави апликацијата e прилично софистицирано претставување на случувањата и трендовите на берзата преку музика и тонови. Најпрво од повеќе канали се собираат податоци.  Овие податоци се анализираат и се креира стрим музички ноти. Овој стрим се препраќа до корисниците кои ги слушаат каналите.

Ова е една од ретките апликации направени во Македонија која воопшто се осмелува да експериментира. На девелоперите на оваа платформа не им недостасува храброст и тоа е навистина пријатно „изненадување“.

„Sound of Market е основана со убедување дека луѓето  во основа имаат проблем да се фокусираат на графици и визуелизации истовремено. Нормализирањето на податоците од пазарот како звук и хармонична музика ќе им овозможи на брокерите да да го следат пазарите подобро отколку black-box machine брокерите“

Целата технологија зад апликацијата е развиена во Македонија и патентирана во Patent Office UK.

Засега апликацијата е достапна на iOS, но г. Јовчевски се надева дека наскоро ќе излезе и Android верзијата. Ако ви се допаѓа идејата може да ја помогнете идејата со коментари и оценки за апликацијата. Ова на развивачите ќе им помогне за поголема видливост на App Store, но секако може да оставите некоја идеја со која апликацијата би ви била покорисна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии