Слушаш ли МРТ? BBC донира микро-компјутери за деца да учат кодирање

Британскиот BBC ќе донирa микро-компјутери на сите ученици во 7-ма година на образованието, на деца кои имаат 11 години, со цел да ги мотивира и заинтересира да кодираат. Причината за ова е што BBC смета дека во Британија има значителен недостаток на квалификувани „дигитални кадри“. Поради ова националниот медиумски сервис ќе донира 1 милион „Micro Bit“ уреди.

Micro Bit е компатибилен со Raspberry Pi, Arduino и слични уреди, а овозможува едноставен уред за запознавање со кодирањето. Станува збор за програмабилна плочка со диоди која може да се поврзе со било кој компјутер. Освен донирањето на микро-компјутери, BBC ќе се обиде да ја зголеми популарноста на програмирањето со „Мake it digital“ кампањата од која дел се и нови епизоди на Doctor Who, EastEnders, Radio 1, The One Show, Children in Need, BBC Weather и многу други.

Освен ова телевизијата најавува партнерства со околу 50 британски компании како: Apps for Good, ARM, Barclays, British Computing Society, BT, Code Club, DWP, Google, iDEA, Microsoft, Nesta, Samsung, Skills Funding Agency, Tech City UK, the Tech Partnership, TeenTech, Young Rewired State. Целта на BBC е со Make it Digital да помогне „дигиталната кративност да стане позната и втемелена како и пишувањето. Јас сом навистина возбуден од тоа што Велика Британија и следните големи Британци можад да го постигнат“, вели Тони Хол, генерален дуректор на BBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии