Слушајте музика со FoxTunes 2

Кога се работи за програм за слушање музика, поголемиот број музички гурмани не се премногу пробирливи и, низ годините, обично се придржуваат до еден ист програм. Во случај да ви здосадила таквата секојдневна пракса и барате неочекувано освежување во тој оддел, би можеле да ги проверите способностите на FoxTunes 2.

Првото нешто што го забележавме кај овој плеер и менаџер со музички датотеки е тоа што се работи за исклучително едноставен дизајн, кој некако не потсети на FooBar. Но, дури и откако загребавме под површината, не успеавме да откриеме комплексни елементи. FoxTunes 2 е плеер кој се гордее на едноставна изведба. Иако нема премногу напредни опции, сепак успева да понуди сè што би можело да му притреба на помалку пробирливиот корисник. Елементите како библиотека и плејлисти можат да бидат прилагодувани преку JavaScript.

Започнување со слушање музика не би можело да биде поедноставно. Плеерот се испорачува во зипувано пакување и не е потребна инсталација, По вклучувањето на FoxTunes 2, повлечете и пуштите неколку песни, односно албуми и забавата може да започне. Плеерот се одликува и со практичен и визуелно исполнителен мини плеер. Преземете го тука!

Во случај да FoxTunex ве остави гладни за повеќе, не заборавајте дека можете да го проверите наследникот на Winamp – WACUP, или да се втурнете во носталгично слушање музика со WinАmp 5.8.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии