Слушајте музика од вашиот телефон со S2 Music Player

Мартин Јованчевски

во Вести

S2 Music Player е солидна апликација за репродукција на вашата омилена музика преку телефон. Се работи за наследник на надалеку популарниот Shuttle Music Player.

Со S2 Music Player, меѓутоа, не можете да стримате музика туку само да ги слушате оние музички фајлови кои претходно сте ги префрлиле на вашиот телефон. Единствен начин за стримување е преку дополнителни услуги како Jellyfin или Emby, со ветување за овозможување поддршка за Plex во иднина. Бесплатната апликација ви дозволува да правите и да управувате со плејлисти, да поставувате album art, да управувате со еквилајзер, а имате и поддршка за Chromecast.

S2 Music Player е релативно нова апликација, но одлично се справува со репродукција на музичките фајлови. Се одликува и со алатка за сервирање текст од песните, тајмер за автоматско исклучување, како и бројни режими и теми.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии