Слушајте локални радио станици со RadioMK

RadioMK е македонска Android апликација од Никола Петровски, која на корисниците им овозможува едноставно да ги следат локалните радио станици.

Станува збор за апликација со супер едноставен дизајн кој им овозможува и на најмалку технички подготвените корисници веднаш да ја вклучат апликацијата и да слушаат музика. Со самото отворање на RadioMK корисникот се наоѓа на екранот на кој може да ги избере радиостаниците. Изборот се прави едноставно со одбирање на некоја од превнесените радиостаници. Апликацијата има 24 станици, за да ги задоволи вкусовите на сите.

Освен што е едноставна за користење и доаѓа со голем број на локални станици, RadioMK има и супер изглед, па доколку ви е потребна апликација за музика која може да ја носите со вас, RadioMK е вистинскиот избор.

“Радио (Radio MK) е мобилна апликација којашто ќе ви овозможи да слушате музика на вашиот телефон. Со цел да уживате повеќе при користењето на апликацијата, ви овозможивме прередување на станиците, така што вашите омилени станици, можете да си ги подредите најгоре во листата. Супер работа е тоа што можете слободно да го заклучите телефонот или пак да ја ставите апликацијата во позадина. Нашето радио дури и тогаш пее и свири за вас.” – велат авторите на апликацијата.

radiomk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии