Случајна грешка откри нови Facebook опции

Also, some internal prototypes were exposed to people and resulted in us disabling the site briefly. It’s now back to normal.Thu Dec 16 22:17:14 via HootSuite


Дел од корисниците во тој временски период успеаја да го видат новиот интерфејст за прегледување на фотографии. A дел имале можност да се логираат како „профил“ или „страна“, вели Бурхан Османи во коментарите подолу. Најверојатно се работи за можност да се разликува индивидуален коментар или официјален на страна коментар.

Исто така случајно прикажаниот прототипи е новиот дизајн на Facebook фан страните кој сега наликува на новите профил страни со табовите на левата страна под сликата, и со почестото промовирање на локацијата. (слика од Mashable)

Некои корисници и забележале „Memories” опција за прикажување на сите детали од стартување на нивниот Facebook профил, како број на закачени слики, број на статуси, пријатели… (слика од ZDNet)

Твит од @casschin прикажува опција „Outside World” за филтрирање на корисничкиот стрим за вести. Најверојатно се работи за филтер кој ќе ги поврзе RSS каналите на сајтовите, кој ќе ги донесе линковите и информациите од надворешни сајтови во кориснички стрим за вести.

6 коментари на “Случајна грешка откри нови Facebook опции

  1. mene mi se pojavi Memories opcija sho ti gi pokazuvashe najkomentiranite statusi od prethodnite godini…sakav da izbrisham nekoi od statusite ali nemashe takva opcija, pa probav na FB Help centarot ali ushte nemashe korisnici so slicni problemi :)

    isto i pregleduvanjeto na sliki beshe smeneto, so toa sho se otvaraa u poseben prozorec i bea so pogolema rezolucija ..mada komentarite i lajkovite im se gubea :)

    1. Која е разликата? Претпоставувам дека има врска со коментирањето. Пример, јас како админ на фан страната на It.com.mk не можам да оставам коментар со мојот личен профил, туку како It.com.mk. :S

      1. Да тоа е.Јас имав време да го проверам.Значи ако си админ на фан страна и се логираш на неа ќе можеш да пишуваш како админ у спротивно ќе пишуваш како обичек обожавател на страната. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии