Словенија се здружи со Полска, кажа „НЕ“ за ACTA

Откако Полска кажа „не“ за ACTA по големите протести низ државата, сега и Словенија го прави истото – ја запира одлуката за ратификација на ACTA договорот. Во Љубљана излегоа над 1.500 души на протест против ACTA, а словенските власти започнаа да се предомислуваат за договорот.

„Овој договор очигледно нема да предизвика разбирање на проблемот, туку е само едно големо недорабзирање.”, вели  министер за економски развој и технологија, Радован Жерјав.

Претходно амбасадорката на Словенија во Јапонија, Хелена Дрновсек Зорк, која го потпиша ACTA, се извини што не го прочитала и разбрала трговскиот договор пред да го потпише, велејќи дека и е криво што направи голема штета.

Полскиот премиер Доналд Таск повторно ги повика земјите членки на Европската унија да застанат против ACTA затоа што иако овој договор треба да ги осигура авторските права, тоа ќе предизвика преголем удар врз слободата.

Хрватскиот блог Нетокрација се прашува дали хрватскиот претседател Иво Јосипович ќе го промени својот став во контекст на неодамнешните случувања околу ACTA и пристапот на земјите ченки на ЕУ кон нејзината ратификација. Поради ставот за ACTA, сајтот на хрватскиот претседател беше срушен од Anonymous во знак на протест.

1 коментар на “Словенија се здружи со Полска, кажа „НЕ“ за ACTA

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии