Словенија се бори против корупцијата со веб апликација за јавни трошоци

Корупцијата е еден од најголемите проблеми со која се соочува скоро секоја држава, особено кога се трошат државни пари. Словенија, иако е земја од Европската Унија и има релативно понизок степен на корупција сепак се соочува со овој проблем. Благодарение на тоа што е мала држава, можно е поефикасно и полесно контролирање на трошењето на државни пари. Словенската државна комисија за спречување корупција лансираше веб апликација, наречена Supervizor, која ќе има за цел јавно да го презентира државното трошење пари.

Supervizor е веб апликација која е многу едноставна за користење, и и’ овозможува на словенската јавност на лесен начин да го контролира трошењето на државните пари. Supervizor нуди податоци кои се од 2003 година, периодот пред Словенија да влезе во Европска Унија, па сè до денес. Податоците кои се дадени се добиваат од јавни извори како што е Министерството за Финансии, и комисијата одговорна за апликацијата не одговара за точноста на резултатите.

Според извештајот на Transparency International за 2010, кај поголемиот број од државите во светот корупцијата е честа појава, но има и такви каде таа е на минимално ниво, иако овие држави се далеку во помал број. Според овој извештај, Македонија е некаде под средината кога станува збор за застапеноста на корупцијата, и верувам дека веб апликација како Supervizer би требало да се имплементира и кај нас посебно што сме држава која претендира да влезе во Европската Унија, и на која и е потребна ваква транспарентност.

1 коментар на “Словенија се бори против корупцијата со веб апликација за јавни трошоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии