Словенeчкиот VoIP стартап Vox.io надмина еден милион корисници

Словенeчкиот VoIP стартап Vox.io стигна до милион корисници, јавува TechCrunch, повикувајќи се на извори од компанијата. Со ова се исполнети предвидувањата на основачот на Vox.io, Томаш Штолфа кој најави милион корисници до крајот на 2012 година.

Сox.io најчесто го опишуваат како Skype во прелистувач, а со ваквата констатација се согласува и г.Штолфа, но најавува дека во иднина ќе постои јасна разлика помеѓу нив и Skype. Сепак барем за сега услугите кои ги нуди стартапот се речиси идентични со Skype, телефонски повици, бесплатни разговори помеѓу корисници, видео разговор, и чет сервис, но и групни разговори за најмногу пет учесници.

„Морам да кажам дека само што ја загребавме површината – не чека уште долг пат. Напорно работиме на доведување на нови корисници и унапредување на квалитетот на производот. Најголемиот број на нови корисници на препорака на постојните корисници, а во некои региони до раст доаѓа по делење на линкови по форуми или YouTube  туториали.“, изјави за Startit.rs основачот и претседател на компанијата Томаш Штолфа.

Eдна од подобрите функционалности на Vox.io е што го заменува телефонскиот број со линк, на кој се повикуват корисниците, па начинот на воспоставување повик е поблизок, на пример со гледање видео на YouTube, отколку со Skype.

Седумцифрениот број на корисници доаѓа пред воведување на Vox.io апликација за Facebook. Во најава е и апликација за останати мобилни платформи (iOS ликација веќе постои), можеби следни се Android или Windows уредите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии