Словенечкиот стартап Toshl Finance сега има 1 милион корисници

Монструмчињата на Toshl им се радуваат на сите 1 милион корисници, вели словенечкиот стартап Toshl Finance кој користи комични чудовишта во дизајн на навистина сериозна апликација. Бројот до милион корисници е уште едно достигнување на апликацијата за следење на личните трошоци, по наградата на Europas за најдобар финансиски стартап.

Toshl е сервис преку кој може да следите на што ги трошите парите. Морам да признам дека Toshl е една од моите поомилени апликации. Откако испробав куп други финансиски апликации, се решив за Toshl и во четирите месеци откако ја користам никогаш не помислив да ја сменам, и дури платив претплата за цела година. Апликацијата секако дека ги има забавните чудовишта, но е неверојатно едноставна за користење, има чист дизајн и можност за следење на тагови.

Предноста на Toshl е едноставноста со која ги организирате трошоците, со што не може да се пофалат други добри бесплатни и платени апликации за лични финансии. Со апликацијата може да си одредите буџети, да внесувате секојдневни трошоци од 25 денари за автобус, до 1.000 денара на намирници за дома или 100 евра за одмор. Апликацијата ги поддржува сите валути и ги конвертира во македонски денари, што е одлично кога се наоѓате во друга земја или купувате нешто од интернет. Има опција и за вадење на периодични извештаи во .pdf формат или Google Docs, а тоа што е најдобро е што, освен што е достапна за Android, iOS, BlackBerry и Windows Phone, апликацијата има и веб верзија каде може да се прегледаат подетални извештаи и графикони за каде сте ги потрошиле парите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии