Словенечкиот стартап Eurosender ја поврза Европа и сега се вреднува на 3,6 милиони евра

Словенечки стартап успеа да стигне до вредност од 3,6 милиони евра бидејќи најде начин како поефикасно да ја поврзе Европа. Eurosender овозможува едноставно испраќање на поштенски пратки помеѓу државите членки на Европската Унија. Стартапот има договори со неколку европски доставувачи, помеѓу кои се UPS, DPD, GLS, DB Schenker, што му овозможува да понудат цени на достава кои се до 70 отсто пониски од стандардните, јави Netokracija.

Компанијата овозможува праќање од и кон членките на Европската Унија, па дури и помалите пазари се исплатливи доколку имаат повеќе иселеници надвор од државата. Во Хрватска која е последната држава членка на ЕУ веќе имаат над 300 компании кои секојдневно ги користат услугите на Eurosender. Дополнителна предност од влезот во хрватска е бројот на туристи кои секое лето доаѓаат во државата, а можат поевтино да примаат и испраќаат пакети.

Најголема предност на Eurostandard е големиот број на пратки, па компанијата успеа да издејствува пониски цени за своите корисници кај доставувачите. Корисниците пак го сакаат поради едноставноста – се што треба да направат е да најават пратка по што од стартапот доаѓаат на самата адреса за да го подигнат, пратките можат да се следат преку онлајн алатка во текот на целопт транспорт, до доставата на местото каде пакетот треба да пристигне.

Стартапот помина неколку инвестициски циклуси, најпрво добија 25.000 евра од германскиот акцелератор ProSiebenSat; потоа 40.000 евра од словенскиот Silicon Gardens и конечно 220.000 евра од словенски инвеститори. Во моментов стартапот се проценува на 3,6 милиони евра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии