Словенечки хакер е осуден на пет години затвор за креирање на еден од најголемите ботнети Mariposa

Словенечкиот хакер Матјаз Скорјанц е осуден на пет години затворска казна, откако судот во Словенија одлучи дека е виновен за еден од најголемите ботнети, Mariposa (шпански збор за пеперутка). Хакерот е обвинет за креирање на злонамерен софтвер со кој направил мрежа од 12,7 милиони компјутери под негова команда. Со оваа мрежа групата чии лидер е г. Скорјанц вршела DDoS напади и собирала податоци за кредитни картички и профили на корисници, јави BBC.

Г. Скорјанц е осуден по две точки од обвинението, за креација на алатки кои овозможуваат компјутерски криминал и перење на пари. Покрај петгодишната казна, Скорјанц ќе плати и 4.000 евра казна, а одземени му се и станот и колата бидејќи се купени со нелегално заработени пари. Во полициската акција против г.Скорјанц се извршени претреси во седум куќи и запленети се над 75 делови од компјутерска опрема како хард дискови, процесори и слично. Фаќањето на криминалната група беше претешко бидејќи групата користеше VPN за да ја скрие својата локација. Дополнително користеа и Western Union за финансиски трансакции за кои не е потребна банкарска сметка, а парите можат и да се подигнат лично, со фалсификувани документи поради што Western Union е популарен во подземјето.

Полицијата ги уапси криминалците кога еден од осомничените, шпанецот Каро Руиз по грешка се приклучи директно на Интернет заобиколувајќи ја дотогашната VPN пракса. Пет месеци по идентификувањето на Руиз полицијата во Словенија го уапси и лидерот на групата Матијаз Скорјанц.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии