Минатата недела се одржа е-Општество 2012 чија тема беше „Отворено образование за отворено општество“ на која се дискутираше за користењето на слободниот софтвер и отворените ресурси во образовните установи.

Изненадувачки беше фактот дека голем дел од професорите, без разлика на нивната старост, се заинтересирани за промени во образованието и се спремни да ја користат технологијата во своите предавања. Затоа, за сите професори подготвивме кратка листа на апликации кои може да им помогнат во остварување на целите.

openSIS

openSIS стои како кратенка од „Open Source Student Information System“ со која апликација можете да управувате со целото ваше училиште или установа. Апликацијата содржи сè што му е потребно на едно училиште или факултет:

  • Присуство – Со openSIS лесно можете да водите сметка дали некој бил присутен некој ден и можете да го приспособите според вашите потреби. Лесно се проверува присуството со веќе вграден систем.
  • Оценки – Со вградената можност за книгата за успех, професорите лесно може да ги оценуваат домашните задачи на студентите, тестовите и останатите школски активности. На крајот од годината, лесно може да извлече реална оцена за истите, според веќе однапред дефинирани услови.
  • Распоред – openSIS овозможува лесно уредување и приспособување на распоредот. Исто така, можете да менаџирате со повеќе распореди и лесно да ги прегледувате и печатите.
  • Контакт информации – Едноставно додавање на контакт информации за родителите кои истиот сервис може да го користат за добивање на информации за својот студент.

Оваа решение е веб базирано, што значи дека не морате да бидете на школскиот компјутер за да пристапите до сите информации. Развиен е во PHP и работи со MySQL база на податоци. Целосно интегриран со Moodle, достапен на повеќе од 50 јазици и е објавен под GNU General Public License. OpenSIS може да биде симнат од www.opensis.com.

FET

FET е софтвер кој автоматски ќе ви го направи распоредот на вашето училиште. Во зависност од сложеноста на распоредот, FET може да го состави вашиот распоред на предавања за 20 минути, доколку има голема комплексност, додека за помали и поедноставни распореди не би му требале повеќе од 5 минути.

Последната верзија на FET е објавена на 4 септември 2012 и истата можете да ја преземете од овде.

Epoptes

Epoptes е слободен софтвер за менаџирање со вашата лабораторија и алатка за мониторинг. Ви овозможува броадкастирање и мониторинг, извршување на команди од далечина, испраќање на порака до сите корисници и директно управување со корисниците поврзани на вашата мрежа.

Може да се инсталира на Ubuntu, Debian и OpenSUSE во било која комбинација со: LTPS сервер, thin или fatclient, самостојни работни станици, NX или XDMCP клиенти, итн… Апликацијата можете да ја преземете од официјалниот веб-сајт. Исто така, Epopetes може да биде локализирана и на македонски јазик.

Fedena

Fedena е слободен софтвер за управување на вашето училиште или било каква образовна институција. Овој софтвер претставува повеќе од студентски информативен систем и со истиот можете ефикасно и едноставно да управувате со вашите студенти, професори, вработени, курсеви и сите останати системи кои се поврзани во вашата институција.

Fedena е веб базирано решение и до истото може да пристапите од било која локација. Истото, нуди лесна модификација, повеќејазична поддршка, додатоци, интеграција со Moodle, можност за видео конференција со помош на BigBlueButton, графички извештаи како и можност на професорите да управуваат со свите групи.

Демото од оваа апликација можете да го погледнете овде, додека доколку сакате да ја користите во вашата установа, ќе морате да платите 1.500 долари (до 30 ноември) во кои е вклучено 1 година хостинг и бесплатна поддршка, како и бесплатен тренинг.

За крај, зошто е добро да се користи слободниот софтвер?

Бенефитот од користењето на слободниот софтвер е од огромна корист. Прво, се заштедуваат многу пари кои може да бидат потрошени за некоја друга корисна работа. На професорите им ги нуди сите потребни опции за успешно раководење со своите групи, ништо помалку од комерцијалниот софтвер. И трето, бидејќи е слободен, лесно може да се прават измени на истиот и да се приспособи според некои специфични потреби на професорот или установата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии