Slimjet е мал, брз и едноставен прелистувач за секојдневни навики

Во случај да барате поразличен прелистувач за исполнување на вашите секојднени прелистувачки навики, не би можеле да погрешите доколку ги проверите потенцијалите на Slimjet.

Се работи за изненадувачки брз прелистувач кој е изграден на open-source енџинот Chromium – истиот енџин кој се користи и за потребите на Google Chrome. Искуството со отворање веб страни е брзо и флуидно, а пријатно бевме изненадени од бројните опции кои веќе се вградени со прелистувачот.

Slimjet ви дозволува интеграција со Facebook со само еден клик. Потоа, имате функционален уредувач на слики, инстантна опција за поставување слики, преземач за видео материјали, како и интелигентен пополнувач на формулари.

Најновата верзија воведува поддршка за групи со јазичиња, а и нуди значително поголема слобода при управување со колачиња. Покрај ова, самиот енџин за прелистување е надграден на Chromium 83.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии