Добра вест за сите љубители на гејмингот во Македонија. Македонското студио Koloss Kolektiv неодамна ја претстави својата прва видеоигра на Steam. Со ова Slimebrawl им се приклучува на неколку веќе постечки македонски видеоигри на Stеam. Koloss Kolektiv се Мартин Пупков, Александар Трајанов и Благоја Стојкоски, кои можеби ви се познати од учествата на Global Game Jam.

Токму така започна и оваа игра. Како проект за учество на Ludum Dare, еден од најмасовните гејм џемови. Сепак играта никогаш не стигна на џемот, а Koloss одлучија да ја завршат и да ја објават на Steam.

SlimeBrawl е еден-против-сите „brawler“, а може да ја играат помеѓу 2 и 4 играчи. Slimebrawl е брза игра, во која учесниците се натпреваруваат кој ќе собере повеќе течност (slime). Интересно е што течноста која ја собирате всушност се хит-поените на играчите, секој пат кога еден играч удира друг, од него избива дел кој може да го собере. Оваа течност може да си ја собере и оригиналниот играч и да си ги врати загубените хитпоени.

Има неколку различни стази на кои може да се натпреваруваате со пријателите, а секоја од стазите е со елементи кои се уништуваат, па криењето не помага. Партиите траат 90 секунди, победник е најдобриот играч по 5 изиграни рунди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии