Сликите на Google Images можат да бидат заразени од злонамерни WordPress сајтови

Black-hat хакери злоупотребуваат илјадници WordPress сајтови за да ги преплават добиените резултати на Google Images со кодови кои ги пренасочуваат корисниците на страници кои содржат малициозни програми.

Овa е откриенo од страна на рускиот истражувач Денис Сенегубко, според кој над 4.000 WordPress блогови се злоупотребени да пренесуваат малициозни програми. Популарните слики од заразениот WordPress сајт се покажуваат на Google Images кога некој корисник ќе го побара дадениот блог. Со кликање на овие слики корисникот е пренасочен на малициозни веб сајтови кои се обидуваат да го измамат нудејќи инсталација на лажен безбедносен софтвер.

Добрата вест е тоа што помалку од 5 отсто од WordPress сајтовите се означени како ризични од страна на Google, но лошата вест е тоа што ова се случува на веб сајтови кои ја користат најновата верзија на WordPress. До сега сè уште не се знае како може да дојде до заразување на даден WordPress блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии