Слика која може да ви ги расипе телефонот

Поставување на слика како позадина на телефонот може да го уништи вашиот уред. Десетици корисници на Android телефони се жалат дека по поставување како позадина, сликата на која има зајдисонце, облаци, езеро и шума ги расипала нивните телефони.

Опасноста е присутна единствено кај дел од телефоните, но зафатени се популарни телефони како Pixel и модели на Samsung, вели Engadget.

Корисниците се жалат дека по поставувањето на сликата телефонот е заглавен и постојано го вклучува и исклучува „lock“-екранот, и делува како телефонот постојано да се вклучува и исклучува. Зафатените уреди можат да се поправат со активирање на „safe“-мод и бришење на сликата или со целосно ресетирање на уредот.

Дилан Расел од 9to5Google можеби ја пронајде причината поради која се случуваат овие проблеми. Сликата користи RGB наместо sRGB, и иако Аndroid 11 ја конвертира сликата Android 10 не го прави ова и предизвикува проблеми кога некомпатибилен телефон ќе се обиде да ја прикаже сликата.

Samsung веќе најави дека на 11 јуни ќе издаде закрпа со која ќе се надмине проблемот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии