SlidenJoy е интересно решение за поголеми екрани на лаптоп и поголема продуктивност

SlidenJoy е интересен нов уред кој овозможува проширување на екранот на лаптоп компјутер. Поголе екран, велат основачите, значи и поголема продуктивност. SlidenJoy се прицврстува на задната страна од веќе постоечкиот монитор на лаптопот, а одлево и оддесно се извлекуваат два дополнителни екрани кои би можеле значително да ја олеснат работата на дел од корисниците, иако повеќе екрани значат и поголемо преоптеретување на графичката картичка која често не е најдобрата компонента на овие комјутери.

Со оглед на различните модели и димензии на лаптопите, Sliden’Joy има три различни големини 13, 15 и 17-инчен, и два модели кои овозможуваат еден или два дополнителни екрани. Дополнителните екрани имаат можност за завртување до 180-степани, па корисниците имаат потполна слобода во организацијата на работниот простор, а уредот овозможува интересни можности при презентација. Дисплејот е супер лесен, тенок и се поврзува преку единствена USB 3.0-порт или двa USB 2.0 портoви, екранот е HD и заштитен со алуминиумса рамка, и очекувано може да се поврзе на Mac или PC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии