Како што се правилата, секој прв понеделник од месецот се одржува Mobile Monday вo Скопје. Петиот по ред „мобилен понеделник“ ќе се одржи на 7.11 и започнува во 18:30 часот во Клубот на новинари. Темата ќе биде мобилни веб апликации наспрема нативните, интегрирани мобилни апликации.

Темата ќе ја отвори Ванчо Ордановски од InfoProject, кој ќе зборува за:

  • Зошто треба да ја прифатите максимата „Кодирај еднаш инсталирај секаде“?
  • Зголемување на понудата на развојни алати за мобилни веб апликации.
  • Што значи тоа за бизнисите без разлика дали се обезбедувачи на решенија или корисници?

По него, настанот продолжува со презентација од Сања Божиќ од Httpool која ќе зборува за стандардните во мобилното огласување, трендови и практиките. Таа ќе презентира и студии на случај.

Mobile Mondey е настан организиран од New Media Mk и Web Factory и е отворен за сите заинтересирани. Се гледаме во понеделник!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии