Следната револуција во медицината се 3Д-испринтани органи и коски

Следниот голем напредок во медицината може да биде донесен од 3Д-принтерите кои во блиска иднина ќе може да принтаат со живи клетки. Напредокот е овозможен пред се од развојот на технологијата и се пософистицираните принтери и софтвер, но и напредокот во регенеративната медицина, вели Forbes.

Кевин Шејкшаф, професор по фармација од Универзитетот на Нотингем, Англија, е еден од најголемите заговорници на технологијата која ќе овозможи принтање на органите, и е еден од научниците кои работат на технологија која може да испринта органи. Засега технологијата која би овозможила 3Д-испринтано срце или бубрег е во подалечна иднина, но веќе се работи на 3Д-испринтани коски.

За принтањето повредени коски 3Д-принтерот најпрво креира арматура, на која нанесува матични клетки. Материјалот со кој се принта е полимер нарелен „polylactic acid“ и супстанца која личи на гел. Со ова се овозможува испринтаната коска да ја има потребната цврстина и подлога за останатите клетки. Неколки месеци по вметнувањето на коската во телото, арматурата ќе се распадне, а на нејзино место ќе дојде со коска која ќе порасне од матичните клетки. Најголемата предност е што со овој начин може да се направат идентични копии на органите кои треба да се заменат.

„Истражувањата се совршен пример за тоа како 3Д-принтањето може да се искористи за креирање на комплексна архитектура која ја емулира, онаа која ја наоѓаме во природата“, вели Џенифер Луис, професор по Биолошки инспирирано инженерство на Харвард.

[youtube]f2Ja7vmIlMs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии