Следната надградба на Google Chrome ќе ги блокира видеата кои автоматски започнуваат

Дејан Соколоски

во Веб

Функционалноста за автоматско пуштање на видео на веб-страниците наскоро би можела да стане минато. Следната надградба на Google Chrome ќе ја оневозможи оваа функционалност.

Можноста за блокирање на автоматски плејбек има две отстапки. Ако видеото е со исклучен звук или ако корисникот покажал интерес за видеото, вели Мунир Ламури на Chromium блогот.

Функционалноста ќе биде добредојдена како за намалување на хаосот кога корисникот отвора неколку страници, така и за заштеда на потрошениот интернет сообраќај. Второто секако важи за корисниците кои пристапуваат од паметни телефони кои имаат ограничување на интернет сообраќајот.

Опцијата ќе биде достапна и за десктоп и за Android верзијата на прелистувачот. За жал, за оваа функционалност корисниците ќе мора да почекаат до Chrome 64.

Наскоро, веќе од октомври пристига верзијата 63. Оваа верзија ќе овозможи помалку слична функционалност. Корисникот ќе може да „замолчува“ сајтови, односно во целост да го исклучи аудиото на дел од сајтовите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии