Следната голема распродажба на Steam нѝ доаѓа во февруари

Гласината дека ќе можеме финансиски да пропаднеме толку бргу по зимската распродажба доаѓа од Steam Database.

„Наредната распродажба ќе се вика Lunar New Year Sale и ќе трае од 15 до 19 февруари. Благодарение на Steam Direct, ваквите информации не можат да се држат во тајност повеќе од 5 часа“, се чита од Steam Database.

2017 година целосно ја прескокна оваа форма на распродажба, нешто што не беше случај со годината пред тоа. По обемот на игрите, оваа распродажба би требало да понуди над 1000 игри со попусти до 90%, како во стилот со Halloween и есенската распродажба. Распродажбата се поклопува со Лунарната Нова Година, односно Кинеската нова година, настан кој се одликува со пролетен фестивал во модерната Кина.

Неколку месеци по Lunar New Year Sale, се очекува пролетната распродажба, а неколку месеци по тоа и монументалната летна распродажба.

Во меѓувреме, останатите дигитални продавници организираат подеднакво импресивни распродажби така да останете со it.mk за да го дознаете најдоброто од најевтиното!

Што значи Steam Direct за издавачите? Прочитајте тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии